За нас

Брокерската куќа Фершпед Брокер ад Скопје е една од најстарите брокерски друштва на Македонскиот пазар на капитал . Основана е 1998 година од Фершпед АД Скопје најголема шпедитерска компанија во земјава .

Фершпед Брокер е член , основач и еден  од поголемите  акционери на Македонска Берза и Централен Депозитар на хартии од вредност.

Работењето на брокерската куќа бележи долгогодишно искуство , традиција и е целосно ускладено со позитивното право (постоечките закони и подзаконски акти ) кои ја регулираат оваа материја.

Наша цел и должност е обезбедување сигурност и доверба на клиентите преку штитење на нивните интереси и нивно времено информирање за актуелните збиднувања на финансискиот пазар.

Потврда за користењето на овие начела и принципи во работењето кои се практикуваат веке од постоењето на брокерската куќа , говори и континуираното зголемување на бројот на клиенти.