Купување и продавање на хартии од вредност по налог и за сметка на клиент

Домашни физички лица

Потребни документи

  • оригинал и важечки документ за идентификација издаден од надлежен орган (лична карта или пасош)
  • трансакциска сметка во банка

Општи одредби

За клиентот продавач/купувач – физичко лице, врз основа на податоците што ќе се добијат од важечки документ за идентификација (лична карта или пасош), се изготвува следнава документација:

  • Брокерски договор;
  • Налог за продавање/купување;
  • Прифаќање на налог за продавање/купување;
  • Образец за отварање на нова сметка на имател на хартии од вредност (доколку клиентот не поседува сметка до тој момент );
  • Образец за регистрирање полномошно за резервирање на хартиите од вредност (доколку клиентот продава хартии од вредност).

Во прилог на горенаведената документација клиентот приложува и трансакциска сметка како и оригинал полномошно доколку застапува или е застапувано од друго лице.

Странски физички лица

Потребни документи

  • оригинал и важечки документ за идентификација издаден од надлежен орган
  • трансакциска сметка во банка

Општи одредби

За клиентот продавач/купувач – Странски физичко лице, врз основа на податоците што ќе се добијат од важечки документ за идентификација ( пасош) во оригинал,  или копија од документот за идентификација заверена на нотар или овластена институција во домицилната држава, се изготвува следнава документација:

  • Брокерски договор;
  • Налог за продавање/купување;
  • Прифаќање на налог за продавање/купување;
  • Образец за отварање на нова сметка на имател на хартии од вредност (доколку клиентот не поседува сметка до тој момент );
  • Образец за регистрирање полномошно за резервирање на хартиите од вредност (доколку клиентот продава хартии од вредност).

Во прилог на горенаведената документација клиентот приложува и трансакциска сметка како и оригинал полномошно доколку застапува или е застапувано од друго лице.

Странски физички лица

Домашни правни лица

Потребни документи

  • Документ за регистрација (тековна состојба) во оригинал или копија заверена кај нотар, не постара од 6 месеци
  • Тековна состојба за вистински сопственици, не постара од 6 месеци
  • Лична карта од законскиот застапник  и од крајните сопственици на правното лице
  • Трансакциска сметка во банка

Општи одредби

За клиент продавач/купувач – правно лице, врз основа на даночен број и решение/тековна состојба на правното лице издадени од Централен регистар на Република Северна Македонија, се изготвува следнава документација:

  • Брокерски договор;
  • Налог за продавање/купување;
  • Прифаќање на налог за продавање/купување;
  • Образец за отварање на нова сметка на имател на хартии од вредност (доколку клиентот не поседува сметка до тој момент);
  • Образец за регистрирање полномошно за резервирање на хартиите од вредност (доколку клиентот продава хартии од вредност).

Доколку правното лице  е застапувано од друго лице потребно е да се приложи и оригинал полномошно дадено од законскиот застапник на правното лице.

Врз основа на склучениот договор, а во согласност со инструкциите на клиентот, брокерската куќа на посебен образец  го евидентира секој налог за купување или продавање на хартии од вредност добиен од клиентот.

Во прилог на горенаведената документација клиентот приложува и  трансакциска сметка во банка .

Странски правни лица

Потребни документи

  • Документ за регистрација во оригинал или копија заверена кај нотар издаден од надлежен орган во државата во која е регистрирано правното лице , не постара од 6 месеци
  • Документ за идентификација од законскиот застапник  и од крајните сопственици на правното лице
  • Трансакциска сметка во банка

Општи одредби

За клиент продавач/купувач – странско правно лице, потребен е документ за регистрација издадена од надлежен орган, во оригинал или копија заверена на нотар или овластена институција во домицилната држава, се изготвува следнава документација:

  • Брокерски договор;
  • Налог за продавање/купување;
  • Прифаќање на налог за продавање/купување;
  • Образец за отварање на нова сметка на имател на хартии од вредност (доколку клиентот не поседува сметка до тој момент);
  • Образец за регистрирање полномошно за резервирање на хартиите од вредност (доколку клиентот продава хартии од вредност).

Доколку правното лице  е застапувано од друго лице потребно е да се приложи и оригинал полномошно дадено од законскиот застапник на правното лице.

Врз основа на склучениот договор, а во согласност со инструкциите на клиентот, брокерската куќа на посебен образец  го евидентира секој налог за купување или продавање на хартии од вредност добиен од клиентот.

Во прилог на горенаведената документација клиентот приложува и  трансакциска сметка во банка.