Управување со портфолио по налог и за сметка на индивидуален клиент претставува управување со хартии од вредност, како и со парични средства на клиентот и нивно вложување во хартии од вредност, врз основа на претходно склучен договор со индивидуалниот клиент.
Договорот се склучува во писмена форма и содржи:
-износ на парични средства што клиентот и ги доверува на брокерската куќа
-политиката на вложување на клиентот
-изјава на клиентот во која наведува дека ги прифаќа условите и преземените ризици од инволвираноста во тргувањето со финансиските инструменти
-видот, содржината и френкфенцијата на доставувањето на извештаите за извршените активности од страна на брокерската куќа до клиентот
-висината на надоместокот за вршењето на работи на управување со портфолио по налог и за сметка на индивидуален клиент и начин на пресметување на истиот
-можност за клиентот да го раскине договорот склучен со брокерската куќа
Комисијата за хартии од вредност поблиску ги пропишува хартиите од вредност и другите финансиски инструменти во кои може да се вложуваат средствата на клиентот.